Хуман гест на Панатинаикос: Следува огромна помош за семејството на починатиот Балдок

October 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Хуман гест на Панатинаикос: Следува огромна помош за семејството на починатиот Балдок

Џорџ Балдок трагично почина во својот базен минатата недела. Неговиот клуб Панатинаикос реши да направи голем хуман гест што се однесува до семејството на починатиот фудбалер. Грчкиот клуб решил на семејството на Балдок да ги исплати сите пари кои му следуваа на Балдок од тригодишниот договор, што дефинитивно ќе биде од огромна помош за неговата сопруга која остана сама со едногодишното бебе. Се планира и хуманитарен натпревар во 2025-та година од кој сите средства ќе бидат пренаменети за семејството на Балдок. Неговото тело беше пронајдено во базенот од неговата вила, а дополнително беше утврдено дека се работи за класично давање во вода, без знаци на насилство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.