February 1, 2025 | | Свет
Пари Сен Жермен продолжи со доминантните настапи против Брест, совладувајќи го со убедливи 2-5 на гостински терен во натпревар од 20. коло во француската Лига 1. Осман Дембеле беше јунакот на вечерта, постигнувајќи хет-трик, додека Гонзало Рамош двапати ја затресе противничката мрежа. Со оваа победа, ПСЖ ја продолжи својата неверојатна серија против Брест, тим против кој нема пораз во последните 30 меѓусебни пресметки – последен пат Брест триумфирал против парискиот гигант пред цели 40 години. Дембеле постигна хет-трик и на претходниот натпревар против Штутгарт во последното коло од групната фаза на Лигата на шампиони. Овие два тима повторно ќе се сретнат на 11 и 19 февруари во баражот за осминафиналето од Лигата на шампионите, каде што ПСЖ ќе влезе како голем фаворит. Головите погледнете ги ТУКА.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |