И Ибра би завидувал на ваков гол: Акробатски гол на Мексиканката Овале (ВИДЕО)

March 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

И Ибра би завидувал на ваков гол: Акробатски гол на Мексиканката Овале (ВИДЕО)

Од Мексико ни пристигнува неверојатен погодок, и тоа од женскиот фудбал. Лизбет Овале постигна спектакуларен гол кој може да се спореди со ремек-делата на Златан Ибрахимовиќ, како и на Оливие Жиру и други фудбалски мајстори познати по слични потези. На натпреварот помеѓу Тигрес и Гвадалахара, Мексиканката доби топка од десната страна, но наместо да ја прими и подготви за удар, таа веднаш се одлучи за маестрален потег. Со „скорпион“ удар, додека беше свртена со грб, успеа да ја лобува противничката голманка, постигнувајќи еден од најспектакуларните голови оваа сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.