И кај нив не е сѐ сјајно: Реал се задолжил за да го исплати Мбапе!

July 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

И кај нив не е сѐ сјајно: Реал се задолжил за да го исплати Мбапе!

Килијан Мбапе конечно летово премина во Реал Мадрид во една сага која трае уште од 2017 година. Мбапе премина во Реал Мадрид како слободен агент, а Реал ќе му даде бонус од 100 милиони евра за потпишување на договорот. Неговата годишна плата ќе биде 31,2 милиони евра бруто. Но, за да го исплати, Реал Мадрид морал да се задолжи, пренесува порталот „Возпопули“. Клубот се задолжил со 130 милиони евра непосредно пред исплатата на првата плата. Исто така, на истата банка од која се задолжиле Реал веќе должи околу 400 милиони евра. Проблемот поради кој го зеле кредитот е бидејќи во моментот на трансферот на Мбапе имале „само“ 82 милиони евра на сметката, пари за тековни работи, а таа сума била најмалата во последните две децении.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.