May 14, 2025 | | Свет
Трката за потписот на Флоријан Вирц добива нова димензија. Додека многумина очекуваа дека неговата следна дестинација ќе биде Баерн Минхен, германскиот репрезентативец фрли вистинска трансфер-бомба. Имено, тој одлучил да ги слушне и другите клубови, па така изминатиот ден неговите родители го поминале во Англија, каде имале интензивни разговори со Манчестер Сити и Ливерпул. Според информациите на реномираниот „Кикер“, тие прво биле на разговор со челниците на Сити, а потоа и со претставници на Ливерпул што покажува дека интересот од Премиер лигата е далеку посериозен отколку што претходно се претпоставуваше. Иако Баерн Минхен важеше за сигурен фаворит, сценариото брзо се менува, особено откако Ливерпул, новиот шампион на Англија, ја заостри својата офанзива. Арне Слот, гледа во Вирц клучно парче од неговиот напаѓачки мозаик. Имено, тој планира да оформи опасно трио Вирц – Салах – Луис Дијаз.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |