И Модриќ се чудеше за досудениот пенал за Реал: Ова е пенал? (ВИДЕО)

April 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

И Модриќ се чудеше за досудениот пенал за Реал: Ова е пенал? (ВИДЕО)

Реал Мадрид оствари драматична победа од 3:2 против Леганес, но исходот донесе бурни реакции и огорченост кај гостинскиот состав. Во натпревар полн со пресврти и контроверзи, Леганес жестоко протестираше против неколку судиски одлуки, кои, според нив, му дадоа ветер во грб на „кралевите“. Најспорниот момент се случи кога главниот судија, Гонзалес Фуертес, досуди пенал за Арда Гулер, одлука што предизвика бура од негодувања. Килијан Мбапе ја искористи шансата од белата точка за да му донесе предност на Реал, но Леганес не се предаде и успеа да направи пресврт до полувремето. Сепак, она што привлече најголемо внимание беше анализата на „Мовистар“ во емисијата „Ден подоцна“, каде беа прикажани реакции од фудбалерите на теренот. Посебно впечатлива беше реакцијата на Лука Модриќ, кој делуваше целосно збунето од одлуката на судијата. „Ова е пенал? Кој го направи?“, зачудено прашуваше хрватскиот маестро, неспособен да поверува во подарената можност за неговиот тим. Реакцијата на Модриќ погледнете го ТУКА.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.