И на Меси не му се оди во пензија, донесе одлука за својата иднина

April 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

И на Меси не му се оди во пензија, донесе одлука за својата иднина

Лионел Меси одлучи да го продолжи својот престој во Интер Мајами, одложувајќи го пензионирањето барем за уште една година. Аргентинската икона не ни разгледувала други понуди, туку веднаш донела одлука да остане во клубот од Флорида. Иако неговиот актуелен договор истекува на крајот од оваа календарска година, веќе е постигнат целосен договор со Дејвид Бекам каде новиот договор ќе важи до јуни 2026 година. Овој потег е во согласност со големата желба на Меси, да настапи на уште едно Светско првенство со националниот тим на Аргентина, иако првично не беше сигурен во тоа. Во наредните денови се очекува официјализација на договорот, по што раководството на Интер Мајами ќе се активира на трансфер пазарот. Една од главните цели е доведување на Кевин де Брујне, што би било огромно засилување и уште еден чекор кон европска фудбалска ѕвезда во САД.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.