И Родри удри по Роналдо: А не се противеше кога за него гласаа за Златната топка

January 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

И Родри удри по Роналдо: А не се противеше кога за него гласаа за Златната топка

Според Кристијано Роналдо, Винисиус Жуниор повеќе ја заслужувал Златната топка во 2024 година отколку Родри, но играчот на Манчестер Сити не остана без одговор. Многумина веруваа дека фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус, ќе ја освои престижната награда оваа година, но таа на крајот заврши во рацете на Родри. Винисиус мораше да се задоволи со признанието од ФИФА, додека Златната топка му припадна на Шпанецот. На церемонијата на доделување на „Глоуб Сокер“ наградите, каде што беше прогласен за најдобар играч на Блискиот Исток во 2024 година, Роналдо ја искористи можноста да се осврне на изборот за Златната топка. Португалецот, кој пет пати ја има освоено оваа награда, отворено изјави дека Родри не бил вистинскиот избор. Наскоро потоа, Родри во интервју за шпанските медиуми даде свој став за изјавите на Роналдо. „Малку ме изненади неговото мислење, бидејќи тој, како никој друг, добро знае како функционира доделувањето на оваа награда. Оваа година, новинарите кои гласаа одлучија дека јас сум победникот. Веројатно истите тие новинари некогаш гласаа и за него. Предпоставувам дека тогаш ќе се согласеше со изборот“, рече Родри за мадридскиот медиум AS.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.