И Тони порано замина на печалба: Потврден е како нов играч на Ал-Ахли!

August 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

И Тони порано замина на печалба: Потврден е како нов играч на Ал-Ахли!

Ал-Ахли и официјално потврди дека Иван Тони е нивен нов фудбалер. Англичанецот ќе потпише договор до 2028 година каде ќе заработи над 50 милиони евра во периодот од четирите сезони. Трансферот пак ќе чини 40 милиони евра, а ова најверојатно значи дека Ал-Ахли нема да го потпише Осимен бидејќи планот на клубот беше да се потпише само со еден од овие двајца напаѓачи. Осимен не успеа да се договори со Челси, па или ќе премине во друг клуб во Саудиска Арабија или ќе остане во Наполи и ќе биде надвор од составот се до зимскиот трансфер период.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.