July 27, 2024 | | Свет
Златан Ибрахмовиќ по пензионирањето од фудбалот реши да биде дел од управата на Милан и да биде советник во клубот. Тој воедно имаше многу голема заслуга за трансферот на Мората во Милан кој ја активираше неговата клаузула и го донесе за 13 милиони евра. Иако првично го сакаа Зиркзе, сепак на крај го ангажираа Шпанецот кој летово како капитен го освои Европското првенство. Ибра лично му се јавил на Мората па откри со кои зборови го убедил да дојде. „Му објаснив дека Милан е идеалниот клуб и дека нема подобро место за напаѓач, ќе биде опкружен со играчи како Пулишиќ, Рафаел Леао и Чуквуезе. Сакаме само тој да биде среќен, за да игра подобро. Не познавам играч кој не е среќен тука, каде треба да се фокусирате само на фудбалот“, рече Ибрахимовиќ. Тој потенцираше и дека сака да биде 13-тиот играч на Милан на теренот во смисла на поддршка на клубот а дека навивачите се 12-тиот играч.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |