Ибра за неостварената трансфер желба: Немаа пари за да ме донесат

December 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ибра за неостварената трансфер желба: Немаа пари за да ме донесат

Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, кој ја заврши својата кариера во Милан, беше дел од големи клубови, но не му се остварила желбата да игра во најголемиот клуб во Германија. Во својата кариера, Ибра беше дел од клубови како Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси. И покрај сите овие клубови, многу сакал да го облече дресот на Баерн Минхен. Во свој стил, Ибрахимовиќ се пошегува дека Баерн Минхен едноставно немал пари да го доведе. „Во Германија се игра фантастичен фудбал и немаше да биде лошо да играм за клуб како Баерн. Ќе беше убаво, но судбината имаше поинакви планови. Сепак, тие и немаа пари да ме купат кога бев во најдобра форма“, изјави Ибрахимовиќ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.