September 20, 2024 | | Свет
Златан Ибрахимовиќ последните денови е актуелен откако прво влезе во конфликт со легендарниот Бобан кој рече дека не знае која е позицијата на Швеѓанецот во Милан, а се зборува и за напнатиот однос кој наводно тој го има со тренерот Фонсека. Сега Ибра повторно зборуваше во свој стил и во интервју за Јутјуб каналот „First We Feast“ даде интересена изјава. „Сега да играм, би можел околу 20 минути. Но и покрај тоа би постигнал 15 до 20 гола во првенството плус уште 10 во купот. Значи 30 голови за 20 минути игра на натпревар. Кога противникот е изморен, јас би влегол свеж и би поентирал. Не го зборува тоа моето его туку реално е така. За неколку дена тој ќе наполни 43 години, а во својата кариера одигра 988 натпревари на клупско и репрезентативно ниво и постигна 573 голови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |