October 23, 2024 | | Свет
Во медиумите се појави една неверојатна информација кога станува збор за две легенди на фудбалот. Имено, организацијата Misfits Boxing планира да организира бокс натпревар помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Вејн Руни. Наводно веќе се водат преговори за ваквиот дуел, а ваквата информација ја потврди и пеачот Мамс Тејлор кој се занимава со договарање на борби на светските ѕвезди. „Се обидов да го уверам Златан дека и тој може да настапи на бокс меч. Добар пријател сум со неговиот менаџер и мавме разговор. Беше навистина кул, кажа дека ги следи мечевите. Порано се занимаваше со кикбокс, сметам дека би бил добар и во ова. Разговори се водени и со Вејн Руни освен со Златан. Мислам дека е прашање на време кога ќе се оствари борбата“, изјави Тејлор.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |