Ибрахимовиќ не старее: На 44 години изведува „ножички“ со свој стил (ВИДЕО)

June 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ибрахимовиќ не старее: На 44 години изведува „ножички“ со свој стил (ВИДЕО)

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ повторно ги воодушеви своите фанови, овојпат со видео објава на социјалните мрежи, во која демонстрира дека годините за него се само бројка. Иако има 44 години и веќе е во пензија од професионалниот фудбал, Ибра е во одлична физичка форма. На видеото се гледа како во базен, со препознатливата леснотија, изведува акробатска „ножичка“ – удар по кој беше препознатлив во текот на кариерата. Под видеото кратко напиша: „Стил“, што во превод значи „сеуште“ со што уште еднаш потсети на својот уникатен и арогантен имиџ. Ибрахимовиќ, кој играше за најголемите европски клубови како Јувентус, Интер, Милан, Барселона, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, секогаш бил симбол на моќ, техника и шоу.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.