Ибрахимовиќ: Ни оди добро, но губиме натпревари кои не треба да ги губиме

November 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ибрахимовиќ: Ни оди добро, но губиме натпревари кои не треба да ги губиме

Милан игра топло-ладно сезонава иако во моментов добро стојат во Серија А, па и во Лигата на шампионите. Доказ за неконстатноста е триумфот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а потоа освоен само еден бод против Калјари иако постигнаа три гола на овој натпревар. Според Ибрахимовиќ, ситуацијата во клубот мора да се поправи. „На тимот му оди добро, но ние можеме подобро и тоа е она што го сакаме. Биланс. Губиме натпревари кои не треба да ги губиме. Се работи за ментална рамнотежа, кога ќе го откриеме тоа, тогаш тимот ќе биде многу, многу подобар. Но, ние сме позитивни и се подобруваме секој ден“, рекол Ибрахимовиќ. Тој бил запрашан и за тоа дали се потребни засилувања. „Дали ни се потребни? Да не имате некакви барања? Секој е експерт и има совет. Се шегувам, трансфер пазарот е секој ден, имаме скаутинг систем за да бараме играчи, што ни треба, а што не. Сепак засега не размислуваме за засилувања. Ќе видиме што ќе се случи во следните два месеци, се надеваме дека нема да има повреди на нашите играчи. Ако се биде добро, ќе продолжиме со овој тим“, додал Швеѓанецот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.