Ибрахимовиќ: Планот ми е да го вратам Милан на врвот

November 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ибрахимовиќ: Планот ми е да го вратам Милан на врвот

Златан Ибрахимовиќ во моментов е советник во управата на Милан. Тој изјави дека неговиот сон да го врати клубот на старите патеки, односно да биде при самиот врв на европскиот фудбал. Тој рече дека за тоа да се случи, ќе биде потребно време. „Милан е клуб е дел од фудбалската историја, а ние сме само уште една генерација која што е тука и која ќе замине. Правиме микс од сегашноста и иднината. Ова е Милан . Сакам да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на Силвио Берлускони и Адријано Галијани, бидејќи ние сме тука благодарение на нив. Верувам во овој проект и во она што го претставува Милан . Мислам дека ја делам истата визија со луѓето кои работат овде. Луѓето сакаат да постигнат извонредни работи и да испишуваат историја, а кога зборуваме за победи, тоа ме прави да се чувствувам жив. Од позицијата на која сум во моментов, не можам да му помогнам на тимот да победи, но имам уште многу да научам и тоа го правам со понизност. Се чувствувам поврзан со Милан на посебен начин и по завршувањето на мојата кариера и сакам да направам големи работи со овој тим. Сум играл во многу клубови, исклучителни, но тој што ми даде најмногу во кариерата е Милан“, изјави Ибрахимовиќ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.