April 22, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед обезбеди драматична победа над Лион со 5-4 по продолженија во четвртфиналето на Лига Европа, но за шведскиот дефанзивец Виктор Линделоф, оваа ноќ беше далеку од славеничка. Тој го напушти „Олд Трафорд“ на половина од натпреварот поради семејни причини. Имено, неговиот мал син Френсис бил префрлен во болница со сериозна повреда на главата. Неговата сопруга Маја, неколку дена подоцна, ја раскажа драмата. „Еден час пред натпреварот добивме повик од дадилката, а брзата помош беше веќе на пат. Френсис ја повреди главата додека трчаше по својот постар брат и падна по стаклени скали. Веднаш беше опериран,“ рече таа. Среќна вест е што операцијата била успешна, а Френсис веќе закрепнува. „Вистински викинг е. Се врати во нормала како ништо да не се случило. Ќе му остане лузна, но тоа не е важно – само сум благодарна што е добро“, изјави Маја Линделоф. И покрај стресната ситуација, Линделоф не го прескокна ниту следниот тренинг, а во неделата беше стартер на натпреварот против Вулверхемптон, што е уште една потврда за неговата посветеност и професионализам.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |