Играчот на Дортмунд ја претера: На тренинг се вратил со 110 килограми!

July 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Играчот на Дортмунд ја претера: На тренинг се вратил со 110 килограми!

Германскиот стопер Никлас Суле кој играше и за селекцијата на Германија пристигна во Дортмунд пред две години како големо засилување, но очигледно Суле не внимава на својата физичка подготвеност. Пред финалето во Лигата на шампиони со Реал Мадрид неговите фотографии од тренингот со вишокот килогами стаа вирални и мета на потсмев. На Европското првенство не беше повикан токму поради неговата ужасна физичка форма. „Bild“ пренесува дека не само што не ги надминал проблемите, туку тие станале дури и поголеми. Наводно тој ја надминал границата од 110 килограми поради што добил сериозни опомени од директорите на клубот, Ларс Рикен и Себастијан Кехл. Неговиот договор со Дортмунд трае до 2026 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.