Играчот на Манчестер Сити бил уапсен бидејќи украл телефон!

October 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Играчот на Манчестер Сити бил уапсен бидејќи украл телефон!

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити Матеус Нунеш се соочил со непријатна ситуација откако на 8. септември бил уапсен во Мадрид бидејќи украл мобилен телефон. Наводно, тој бил уапсен во ноќниот клуб Ла Ривиера поради грабеж на мобилен телефон. Во тоалетот на ноќниот клуб, едно лице го фотографило Нунеш, а тоа на него не му се допаднало бидејќи не бил прашан за тоа. Португалецот му го одзел телефонот, а ваквиот негов потег се сметал за кражба, па Нунеш бил однесен во полициска станица. Таму си платил кауција и бил пуштен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.