January 24, 2025 | | Свет
Илија Несторовски, искусниот 34-годишен фудбалер од Прилеп, го продолжи својот договор со хрватскиот прволигаш Славен Белупо, каде што ќе остане уште една ипол сезона. Враќајќи се во Хрватската лига по своите настапи во Италија, Несторовски веќе остави впечаток, постигнувајќи три гола на осум натпревари за клубот. Неговата посветеност на теренот и ефективноста пред голот беа клучни за управата на Славен да му понуди нова соработка.
„Во Копривница се чувствувам како дома. Семејната атмосфера во клубот го прави ова место посебно. Кога ми понудија нов договор, не се двоумев ниту минута – веднаш потпишав! Среќен сум што ќе бидам дел од овој тим барем уште една сезона по тековната. Верувам дека со моите голови ќе придонесам за успехот на клубот“, изјави Несторовски.Во текот на својата богата кариера, тој настапуваше за тимови како Асколи, Удинезе, Палермо, Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жижков, Победа и Словачко. Со ова продолжение, Несторовски ја зацврстува својата улога како еден од најважните играчи во Славен Белупо.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |