Илија Несторовски пред трансфер во Сараево

August 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Илија Несторовски пред трансфер во Сараево

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е на чекор до трансфер во Сараево и би можел да стане трет македонски фудбалер во редовите на босанскиот клуб, по Стефан Ристовски и Агон Елези. Несторовски, кој има 35 години и е стрелец на десет голови за Македонија, сезоната ја започна во хрватскиот Славен Белупо. Вчера учествуваше во победата од 2-1 на гостувањето кај Вуковар, но се чини дека ќе направи нов чекор во кариерата. Искусниот напаѓач е високо почитуван во регионот, особено поради периодот во Интер Запрешиќ, каде беше најдобар стрелец на хрватското првенство. Сараево летово изврши целосна реконструкција на тимот и донесе повеќе познати имиња од регионот, меѓу кои и српскиот интернационалец Адем Љајиќ. Сепак, резултатите на стартот на сезоната се разочарувачки – тимот е шести со седум бода и зад себе има тежок пораз од 1-5 на гостувањето кај Борац Бања Лука.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.