Илон Маск има желба да го купи Ливерпул! (ВИДЕО)

January 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Илон Маск има желба да го купи Ливерпул! (ВИДЕО)

Најбогатиот човек на светот Илон Маск кој вреди над 420 милијарди долари наводно размислува да инвестира во Ливерпул, според изјавите на неговиот татко за британското „Times Radio“. Таткото на Маск изрази стравување дека мнозинските сопственици на клубот, „Фенвекс Спортс Груп“, би можеле да ги зголемат цените на акциите ако дознаат за интересот на Илон. „Фенвекс Спортс Груп“ е мнозински сопственик на Ливерпул од октомври 2010 година, но гласините за потенцијално купување на клубот од страна на сопственикот на социјалната мрежа „X“ стануваат сè погласни. Таткото на Маск истакна дека неговиот син е заинтересиран за купување на Ливерпул, но дека влезот во клубот нема да биде лесен. „Не можам многу да кажам за ова, бидејќи веднаш ќе ја подигнат цената! Илон има желба да инвестира во Ливерпул, но дали тоа ќе се реализира останува да се види. Тој би сакал да биде дел од тоа, како и секој друг на негово место. Нашата баба е родена во Ливерпул, имаме роднини во градот, а во минатото имавме можност да ги запознаеме членовите на Битлс, бидејќи биле блиски со нашето семејство,“ изјави таткото на Маск. Според проценките, вредноста на Ливерпул изнесува околу 4,3 милијарди фунти. Со богатството кое тој го поседува, Маск би имал силна позиција доколку одлучи да се вклучи во сопственичката структура на клубот од „Енфилд“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.