Има плата од скоро 25 милиони евра, но сака да му се раскине договорот!

May 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Има плата од скоро 25 милиони евра, но сака да му се раскине договорот!

Иако на негова сметка годишно легнуваат неверојатни 24,5 милиони евра, Ајмерик Лапорте сака да го напушти Ал Наср. Францускиот дефанзивец, кој дојде од Манчестер Сити, е втор најплатен играч на својата позиција во светот, веднаш зад Калиду Кулибали од Ал Хилал, кој заработува 35 милиони евра. „АС“ објави дека Лапорте веќе договорил раскин на договорот по крајот на сезоната, наведувајќи како главна причина нарушениот однос со тренерот Пиоли. Тоа дополнително се потврдува со неговото изоставување од полуфиналниот натпревар во азиската Лига на шампиони против Кавасаки, што е јасен сигнал за внатрешни проблеми во тимот. Случајот на Лапорте уште еднаш потсетува дека богатството не секогаш носи задоволство, а очекувањата се дека тој наскоро ќе се врати во Европа и ќе потпише за еден од врвните клубови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.