Имаат прекар милиониери, а им фалат милиони за да го купат Французинот!

July 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Имаат прекар милиониери, а им фалат милиони за да го купат Французинот!

Дортмунд барем засега нема да може да го ангажира Рајан Черки а причината се финансиите. Веќе се ангажирани Серху Гираси и Валдемар Антон од Штутгарт, а наскоро ќе бидат официјализирани и Паскал Грос од Брајтон, и Јан Коуто од Манчестер Сити. Достапен им беше и талентираниот Рајан Черки од редовите на Лион, но во моментов немаат пари за да го реализираат овој трансфер. Како што и спортскиот директор Себастијан Кел рече, ќе мора некој да биде продаден за евентуално се реализира овој трансфер. Интерес има за Никлас Филкруг од Вест Хем, а ќе замине и Јусуфа Мукоко а се зголемуваат шансите и Адејеми да биде продаден каде Јувентус веќе испрати понуда од 30 милиони евра плус бонуси.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.