Имало два клучни моменти: Шпанската полиција со нови сознанија за несреќата на Жота

July 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Имало два клучни моменти: Шпанската полиција со нови сознанија за несреќата на Жота

Шпанските власти открија нови шокантни детали од истрагата за сообраќајната несреќа што заврши со смртта на познатиот португалски фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Инцидентот се случил на автопатот А52, во провинцијата Самора, во ноќта меѓу среда и четврток. Најновите информации потврдуваат дека на местото на несреќата биле слушнати две експлозии. Првата, според очевидци, настанала откако пукнала гума на автомобилот, а втората била резултат на запалување на резервоарот за гориво – што дополнително ја зголемува мистеријата околу трагедијата. Поради неодамнешна операција на белите дробови Жота не смеел да лета со авион, па заедно со својот брат патувал кон траект за да се врати во Англија. Се наоѓал на совозачкото седиште во спортски „Ламборџини“, управуван од Андре Силва. Погребот се одржа во саботата во нивното родно место во Португалија, каде со тага и солзи беше испратена двојна загуба, не само за спортскиот свет, туку и за целата нација.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.