August 14, 2025 | | Свет
Додека во Македонија темата број еден е кризата во Шкупи и недоволниот број регистрирани играчи, слична – ако не и уште порадикална – ситуација се одвива и во Шпанија. Според извештаите на шпанските медиуми, Леванте во моментов има регистрирано само тројца фудбалери: еден дефанзивец, еден играч од средниот ред и еден напаѓач. И покрај тоа, клубот во сабота го очекува премиерниот натпревар во новата сезона на Ла Лига, на гостувањето кај Алавез. Интересно е што официјалните социјални мрежи на Леванте не откриваат никакви знаци на паника. Се верува дека во наредните 48 часа ќе се заврши целата процедура и тимот ќе добие доволен број регистрирани играчи, но во овој момент ситуацијата изгледа прилично необично – и малку алармантно.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |