Имобиле стрелаше во 21. секунда, Бешикташ ја потопи Галата во Суперкупот! (ВИДЕО)

August 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Имобиле стрелаше во 21. секунда, Бешикташ ја потопи Галата во Суперкупот! (ВИДЕО)

Бешикташ го победи својот ривал Галатасарај со неверојатни 5:0 во Суперкупот на Турција. Чиро Имобиле на страшен начин ја почна кариерата во Турција и одигра прекрасен натпревар каде постигна гол во 21. секунда а така остана на полувреме а во второто полувреме му се случи дебакл на турскиот првак. Во второто полувреме во 52. минута Свенсон зголеми на 2:0, а во 81. минута следеше трет гол каде Чиро Имобиле пак беше стрелец. Четвриот и петтиот гол беа дело на Рафа Силва и Хекимоглу во екстра-времето ги постави високите 5:0. Ова беше десетта титула во Суперкупот за Бешикташ и прва по 2021 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.