July 14, 2025 | | Свет
По лавината на обвинувања и медиумски шпекулации поврзани со роденденската забава на младиот фудбалер Ламин Јамал, дополнителна драма се појави откако шпанската инфлуенсерка Клаудија Калво јавно го обвини дека ѝ биле понудени од 10.000 до 20.000 евра за да се појави на настанот – но со многу специфични услови. Според нејзината првична изјава, Јамал наводно барал присутните девојки да бидат русокоси и со прецизно определена големина на гради, што дополнително го разгоре гневот на јавноста, особено на социјалните мрежи. Тоа се надоврза на претходните негативни реакции поврзани со ангажманот на лица со низок раст, што предизвика осуда од здруженија за заштита на лица со попреченост. Во еден момент, Јамал стана мета на јавен линч, а дел од навивачите на Барселона отворено го критикуваа, иако немаше потврдени информации за негови конкретни прекршувања. Сепак, ден по својата првична изјава, инфлуенсерката Клаудија Калво се огласи со извинување на својот Инстаграм профил, каде призна дека нејзините зборови биле погрешно интерпретирани, и дека само пренела гласини кои ги слушнала – без намера да обвини некого. „Се извинувам доколку некому нанесов штета. Не поседувам лични информации и не сакав да ширам лажни обвинувања“, напиша Калво.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |