July 16, 2025 | | Свет
Интер е сè поблиску до ангажман на нов напаѓач, откако медиумите од Италија попладнево објавија дека клубот постигнал личен договор со Адемола Лукман. Нигериецот, кој блескаше во дресот на Аталанта изминатата сезона, е идентификуван како едно од приоритетните засилувања на „нероаѕурите“ во летниот преоден рок. Сега, за трансферот да се реализира, останува Интер и Аталанта да постигнат согласност за обештетувањето. Според италијанските медиуми, клубот од Бергамо бара околу 50 милиони евра, додека Интер се надева дека ќе го затвори трансферот за околу 40 милиони евра. Преговорите се веќе во тек, а во наредните денови се очекува интензивирање на комуникацијата меѓу двата клуба, бидејќи Кристијан Киву сака Лукман да му се приклучи уште во првата фаза од подготовките.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |