Интер го посрамоти Лацио со ШЕСТ гола во мрежата! (ВИДЕО)

December 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Интер го посрамоти Лацио со ШЕСТ гола во мрежата! (ВИДЕО)

Интер приреди фудбалски спектакл во дерби натпреварот против Лацио во Серија А, совладувајќи ги со неверојатни 6-0 во последниот натпревар од 16. коло на италијанскиот шампионат. Ова требаше да биде соочување на два тима кои се борат за висок пласман и се на врвот на табелата, но актуелниот шампион ги понижи Лацио на нивниот терен, на „Олимпико“. Иако почетниот дел од натпреварот не најави ваква катастрофа за домаќините, Интер даде два гола пред крајот на првото полувреме. Гостите брзо дојдоа до предност од 2-0 благодарение на голот од пенал на Чалханоглу и погодокот на дефанзивецот Димарко. Во вториот дел, Интер ја покажа својата сила и потполно ги остави домаќините без шанси. Секој удар на „нероаѕурите“ во рамките на голот на Проведел завршуваше во мрежата. Со голови на Барела, Дамфирс, Карлос Агусто и Тирам, Интер ја запиша неверојатната победа. Четата на Симоне Инзаги со оваа доминантна победа ја задржа третата позиција на табелата со 34 бода, додека Лацио со 31 бод се наоѓа на петтото место. Лидер е Аталанат со 37 бода, а по него е Наполи со 35.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.