Интер го шокираше цел Минхен и има предност пред реваншот! (ВИДЕО)

April 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Интер го шокираше цел Минхен и има предност пред реваншот! (ВИДЕО)

Интер славеше на гостувањето кај Баерн Минхен со 1-2, во натпревар кој потсети на златните времиња на Горан Пандев. На “Емирати”, Арсенал одигра натпревар од соништата и го декласираше Реал Мадрид со убедливи 3-0 во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите. Деклан Рајс блескаше со два маестрални гола од слободен удар – првиот во 58. минута, а вториот уште поатрактивен, во 70. минута. Третиот гол за “топчиите” го постигна Микел Мерино во 75. минута, ставајќи точка на фантастичното издание на Арсенал. На “Алијанц арена”, Лаутаро Мартинез донесе почетно водство за Интер во 37. минута, но Баерн се врати во игра преку Томас Милер во 85. минута. Сепак, само три минути подоцна, Давиде Фратези стрелаше за ново водство и голема победа на „нераѕурите“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.