May 6, 2025 | | Свет
Интер и Барселона вечерва ќе се сретнат на „Џузепе Меаца“ во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, натпревар што носи огромен влог и историска тежина за двата тима. Првиот дуел во Шпанија заврши со спектакуларно реми од 3-3, што го прави вечерашниот меч уште понеизвесен и поважен. Иако Интер ја има предноста на домашниот терен, фаворитската улога му се припишува на Барселона, која под водство на Ханси Флик бележи извонредна сезона каде веќе ги освои Купот и Суперкупот на Шпанија, а се наоѓа на врвот на Ла Лига со солидна предност. За разлика од Каталонците, Интер влезе во мала резултатска криза. Тимот на Симоне Инзаги прво беше елиминиран од Милан во полуфиналето на Купот, а потоа загуби од Рома во Серија А, што ја намали предноста во првенствената трка и ги смени амбициите на клубот. Сепак, евентуален пласман во финалето на Лигата на шампионите, втор во последните три сезони, би ја надоместил целата фрустрација кај „нероаѕурите“ и нивните навивачи. Се очекува натпревар полн со интензитет, тактичка битка и индивидуални пресметки, особено помеѓу Јамал и одбраната на Интер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |