Интер и Наполи одиграа реми, ситуацијата на табелата е хаос (ВИДЕО)

November 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Интер и Наполи одиграа реми, ситуацијата на табелата е хаос (ВИДЕО)

Интер и Наполи одиграа нерешени 1:1 пред заминување на тимовите за репрезентативната пауза. Резултатот го отвори Скот Мектоминеј во 23. минута, а во 43. минута Чалханоглу изедначи и овој резултат се испостави како конечен. Интер можеше да направи пресврт во 74. минута, но Чалханоглу не успеа да го реализира ударот од белата точка. Наполи остана на првото место со 26 бода, а следуваат Аталанта, Фиорентина, Интер и Лацио со 25.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.