Интер издвои тешка победа над Удинезе и се одлепи на +6 пред Наполи (ВИДЕО)

March 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Интер издвои тешка победа над Удинезе и се одлепи на +6 пред Наполи (ВИДЕО)

Интер продолжи со одличните настапи во Серија А, освојувајќи нови три бода со победата од 2-1 против Удинезе во 30. коло. „Нероаѕурите“ беа убедливи во првиот дел, кога ја завршија најголемата работа за триумфот. Марко Арнаутовиќ го отвори резултатот во 12. минута, ефектно реализирајќи по одличната асистенција на Димарко. Само 17 минути подоцна, Димарко повторно покажа прецизност во додавањата, а овој пат вистинскиот човек на вистинското место беше Фратези, кој зголеми на 2-0. Интер делуваше сигурно сè до 71. минута, кога Солет со фантастичен удар од далечина ја намали предноста на домаќините. Тој гол му даде дополнителна енергија на Удинезе, кој во завршницата создаде неколку опасни шанси, но сепак не успеа да ја изненади екипата на Симоне Инзаги. Со овој триумф, Интер стигна до 67 бодови и останува во комфорна позиција на врвот, додека Наполи ќе се обиде да ја намали разликата на вечерашниот дуел против Милан.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.