June 18, 2025 | | Свет
Интер не го почна Светското клупско првенство онака како што се очекуваше. Во своето деби натпреварување под водство на Кристијан Киву, „нероаѕурите“ одиграа само 1-1 против Монтереј, и покрај тоа што беа јасен фаворит. Натпреварот започна шокантно за Италијанците – Серхио Рамос, ветеранот кој сè уште ја има главата „за гол“, постигна погодок со удар со глава во 25. минута и донесе водство за мексиканскиот тим. Интер одговори пред паузата – Лаутаро Мартинез погоди во 42. минута за 1-1, резултат кој на крајот остана непроменет. Во второто полувреме, тимот од Милано притискаше, создаде неколку добри шанси, но Монтереј умешно се бранеше и го задржа вредниот бод. За Киву ова беше горчлив старт на новата ера на клупата, а за Интер сериозно предупредување пред следните предизвици на турнирот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |