Интер Мајами му нуди невиден договор на Меси

August 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Интер Мајами му нуди невиден договор на Меси

Лионел Меси ќе остане во Интер Мајами и добива договор каков што досега не добил ниту еден фудбалер, пренесуваат американските медиуми. Иако се шпекулираше дека може да ја промени средината за да игра на повисоко ниво пред Светското првенство во 2026 година, тоа нема да се случи. Доказ за тоа е и пристигнувањето на Родриго Де Пол, еден од најблиските соиграчи на Меси во аргентинската репрезентација. Интер Мајами е подготвен да му понуди на Меси договор без краен рок – Аргентинецот би можел да игра за клубот од Мајами онолку долго колку што ќе посака. Дополнително, кога ќе ја заврши кариерата, веднаш би добил место во раководството на клубот, со што Интер Мајами сака да ја обезбеди долгорочната соработка со најдобриот фудбалер на сите времиња.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.