Интер минимално ја совлада Верона (ВИДЕО)

May 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Интер минимално ја совлада Верона (ВИДЕО)

Интер конечно се врати на победничкиот колосек откако вечерва на „Џузепе Меаца“ го совлада Верона со минимални 1-0 во натпревар без многу возбудувања. Тренерот на „нераѕурите“ реши да одмори неколку клучни фудбалери со оглед на тоа што за неколку дена го очекува реваншот против Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите. На клупа останаа Сомер, Дамфрис, Барела, Бастони и Турам, додека Мхитарјан, Димарко, Тареми и Ачерби добија минути во второто полувреме. Иако играта на Интер не беше спектакуларна, тимот го обезбеди триумфот благодарение на рано реализираниот пенал во 9. минута, кој го изведе Аслани. На табелата, Интер сега заостанува само три бода зад лидерот Наполи, но пред себе има тежок распоред каде веќе следниот викенд му претстои тешко гостување кај Торино, што може да биде клучно во борбата за титулата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.