Интер неочекувано киксна против Болоња

January 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Интер неочекувано киксна против Болоња

Интер вечерва одигра само 2:2 на домашен терен против Болоња во единствениот дуел од Серија А, резултат кој може да се смета за кикс. Гостите први поведоа со голот на Кастро, но Интер преку Дамфрис и Мартинез направи пресврт до полувреме, завршувајќи со резултат 2:1. На почетокот на вториот дел, Холм израмни на 2:2, што воедно беше и конечниот резултат на натпреварот. Интер се обиде повторно да го преземе водството, но домаќините не успеаја да ја реализираат таа намера. По 19 одиграни кола, Интер останува втор со 44 бода, додека Наполи, со еден натпревар повеќе, е прв со 47 бодови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.