Интер сака да го донесе Киеза бесплатно наредното лето?

July 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Интер сака да го донесе Киеза бесплатно наредното лето?

Според информациите на „Бонџорно Италија“, Интер сака да го донесе Федерико Киеза бесплатно следното лето кога му истекува договорот. Киеза не е во плановите на тренерот Тиаго Мота, а „нероаѕурите“ сакаат да го ослабнат ривалот и да го донесат напаѓачот. Досега Интер ги донесе Мехди Тареми од Порто и Пјотр Зиелински од Наполи бесплатно, а претходната сезона истото го направија и со Маркус Турам, како и претходно со Чалханоглу. Моментално Киеза е на трансфер листата каде Јувентус очекува понуди од околу 30 милиони евра. Засега само Тотенхем покажа некаков интерес за Киеза, иако во моментов зделката не е во никаква напредна фаза.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.