Интересна трампа во најава: Нкунку во Баерн, Тел во Челси!

January 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Интересна трампа во најава: Нкунку во Баерн, Тел во Челси!

Баерн Минхен и Челси ги отворија преговорите за можна размена помеѓу Кристофер Нкунку и Матијас Тел. Според новинарот Флоријан Плетенберг, Нкунку сака уште веднаш да заигра за Баерн Минхен. Моментално преговорите се во рана фаза, иако и од двете страни постојат сомнежи за тоа дали овој трансфер ќе може да се реализира до 3. февруари, денот кога завршува преодниот рок. Исто така, овој новинар потенцира дека трансферот ќе зависи и од желбата на Тел да премине во Челси. Тимот од Минхен веќе се договорил со Нкунку за долгогодишен договор. Вклучувањето на Тел во овој договор моментално е идеја се со цел да се олесни трансферот на Нкунку во Баерн Минхен. Како што напиша и Фабрицио Романо, ваквиот трансфер треба да се следи до крајот на преодниот рок.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.