Исак остана во шок: Ова е убедливо една од најлошите грешки на ВАР судиите! (ВИДЕО)

November 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Исак остана во шок: Ова е убедливо една од најлошите грешки на ВАР судиите! (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу Шведска и Азербејџан во Лигата на нациите, на кој Швеѓаните славеа со убедливи 6-0 се случи една ужасна грешка од страна на ВАР судиите кои му го поништија голот на Исак. Неговиот гол беше поништен поради офсајд, но она што можеше да се види е дека судиите од ВАР собата не забележале дека Исак не бил во офсајд кога топката беше упатена кон него. „Како е ова можно? Дали сте сериозни? Ова е нешто најлошо што сум го видел. Среќен сум за победата, ама кога ќе ви поништат чист гол нормално е да се биде револтиран. Мислам дека вакво нешто не сум видел досега. Гледате многу грешки, ама ова е баш огромна. ВАР судиите беа во тунелот на полувремето, се расправавме со нив, ама останаа на својата одлука“, рече Исак по натпреварот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.