March 1, 2025 | | Свет
Фудбалерите на Бетис конечно ја прекинаа петгодишната серија без победа против Реал Мадрид, триумфирајќи со 2-1 во 26. коло на шпанската Примера. Натпреварот на „Бенито Виљамарин“ донесе жестока битка, а главен јунак за домашните беше Иско, кој постигна гол и асистираше при другиот погодок. Реал Мадрид го отвори мечот на идеален начин – Брахим Диаз веќе во 10. минута погоди по одлична тимска акција и додавање од Менди. Сепак, Бетис успеа да се врати до паузата. Џони Кардозо израмни на 1-1 во 34. минута, откако Иско одлично изведе корнер. На самиот почеток од второто полувреме, Рудигер направи прекршок во шеснаесетникот, што резултираше со пенал за Бетис. Иско презеде одговорност и во 54. минута успешно реализираше за 2-1, бурно славејќи против својот поранешен клуб. Реал Мадрид вложи напори да се врати во игра, но не успеа да ја пробие добро организираната одбрана на Бетис. Овој неуспех претставува прв пораз за Карло Анчелоти во дуелите со Бетис и Мануел Пелегрини. Поразот ги радува конкурентите на Реал во битката за титулата, бидејќи Барселона сега има ист број бодови со „кралевите“, а Атлетико заостанува само еден бод.
Isco scored and celebrated so hard as if He wasn't a former Madrid Player 😭pic.twitter.com/OVaEwEmkJd
— Bloke (@UtdBloke_) March 1, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |