Иско: Треба да отвориме сметка за донации за да го откупиме Антони!

March 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Иско: Треба да отвориме сметка за донации за да го откупиме Антони!

Антони повторно блеска, но овојпат во зелено-белиот дрес на Бетис. По заминувањето од Манчестер Јунајтед, бразилскиот офанзивец изгледа како повторно да ја пронајде својата магија, а вчерашната партија во градското дерби против Севиља само го потврди тоа. Антони одигра цели 90 минути во возбудливиот натпревар, кој неговиот тим го доби со 2-1, а неговите одлични настапи не останаа незабележани. Еден од првите што му оддаде признание беше неговиот соиграч Иско, кој дури предложи креативен начин за Бетис да го задржи Бразилецот во својот состав. „Мислам дека ќе треба да отвориме фондација за донации, само за да го откупиме Антони“, изјави низ насмевка Иско. Иако престојот во Манчестер Јунајтед не му донесе очекуван успех, не се верува дека англискиот гигант ќе биде подготвен ефтино да се ослободи од него, особено сега, кога во Бетис повторно покажува колку вреди.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.