Кратко откако влезе во игра, Милер извади ливче со инструкции од долната облека! (ВИДЕО)

August 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Кратко откако влезе во игра, Милер извади ливче со инструкции од долната облека! (ВИДЕО)

Томас Милер очигледно и оваа година ќе биде играч за ротација отколку редовен во стартниот состав, но искуството кое го има е огромно. Германецот успеа да му помогне на тимот да се врати во игра при што во една мешаница Баерн го постигна вториот гол, а потоа Милер извади ливче од долната облека и почна да им дели инструкции на своите соиграчи, инструкции кои најверојатно му беа дадени од тренерот Компани. Дури и Џошуа Кимих се пошегува за целата ситуација. „Тренерот сакаше да промениме нешто, но видовте ли од каде го извади Милер парчето хартија? Да бидам искрен, не сакав да го допрам“, се пошегува Кимих. Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.