Истанбул „гори“: Осимен и официјално во Галатасарај! (ВИДЕО)

July 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Истанбул „гори“: Осимен и официјално во Галатасарај! (ВИДЕО)

Галатасарај ја комплетираше најголемата зделка во својата историја – Виктор Осимен потпиша тригодишен договор со клубот од Истанбул, а трансферот вреди 75 милиони евра. Нигериецот минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер за „џиновите“ и блесна со 37 гола на 41 натпревар, па клубот реши да го откупи од Наполи. Галатасарај веднаш ќе плати 40 милиони евра, а остатокот од 35 милиони ќе се исплаќа на рати. Трансферот привлече огромно внимание – 3,5 милиони луѓе го следеа во живо стримот на летот на Осимен на официјалниот YouTube-канал на клубот, а илјадници навивачи приредија спектакуларен пречек на аеродромот. Во договорот постои клаузула која забранува Осимен да биде продаден на друг италијански клуб пред летото 2027 година, а напаѓачот ќе заработи 45 милиони евра за три години.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.