Истанбул грми: Спектакуларно пречекан Осимен! (ВИДЕО)

September 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Истанбул грми: Спектакуларно пречекан Осимен! (ВИДЕО)

Виктор Осимен конечно пронајде клуб и конечно ќе замине од Наполи. Тој ќе го засили Галатасарај во позајмица до крајот на сезоната. Тој беше очаен да замине, па откако не се договори со Челси, а не испадна ништо ни од трансфер во С. Арабија, реши да ја прифати понудата на турскиот гигант кој ќе му ја исплаќа целата плата. Осимен ќе може и зимото да замине ако пристигне добра понуда од поголем клуб каде Галатасарај ќе добие финансиска компензација поради раскинување на позајмицата. Нигериецот пристигна во Истанбул во раните утрински часови, а фановите се пресреќни поради ваквиот трансфер. Во прилог погледнете ја атмосферата:

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.