Истече клаузулата на Димитриевски: Останува во Валенсија!

August 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Истече клаузулата на Димитриевски: Останува во Валенсија!

Според информациите на ,,Marca’’, „излезната клаузула“ која ја имаше македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски во договорот со Валенсија истече, а ова значи дека и покрај тоа што Мамардашвили ќе остане уште ова лето во клубот, Столе нема да замине. Имено, Столе и Валенсија имаа клаузула според која македонскиот голман може да си оди ако добие понуда од три милиони евра ова лето. Столе засега ќе биде втор голман, а од наредната сезона Мамардашвили ќе премине во Ливерпул, па така Столе ќе стане прв голман. Иако ова не е нешто кое Македонецот го очекуваше, сепак ќе мора да ја прифати новата улога, или пак да замине што би било чудно и неочекувано.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.