Исто како во 2017 година: Гвардиола му даваше совети на противничкиот фудбалер (ВИДЕО)

October 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Исто како во 2017 година: Гвардиола му даваше совети на противничкиот фудбалер (ВИДЕО)

Манчестер Сити вчера издвои тешка победа над Фулам со 3-2 на „Етихад“. Еден од трагичарите во редовите на Фулам кој можеше да извлече поволен резултат беше Адама Траоре. Тој имаше неколку шанси за да постигне гол, но сепак не беше прецизен. По завршувањето на натпреварот, менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола му пристапи на Траоре и му даваше совети зборувајќи му за неговите грешки. Ова е уште еден доказ за тоа колку Гвардиола е опседнат со фудбалот каде дури им дава совети и на противничките играчи. Гвардиола истото го направи и во 2017 година кога му даваше совети на Нејтан Редмонд кој тогаш играше за Саутемптон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.