June 21, 2024 | | Свет
Освојувачот Аргентина и Канада ја отворија Копа Америка каде Аргентинците славеа со 2-0. На турнирот годинава би можело да се испише историја каде би можел да биде прикажан розов картон. Но, што тоа значи? „Освен петте стандардни измени ќе биде додадена и потенцијална шеста измена поради загриженост за здравјето на фудбалерите. Станува збор за измена која ќе може да се користи при повреда на главата или потрес на мозокот“, стои во соопштението на КОНЕМБОЛ кое е официјално тело за организирање на фудбал генерално во Јужна Америка. Оваа карта нема да ја користат судиите на теренот, туку тимовите за да го предупредат четвртиот судија дека ќе заменат играч поради можна траума на главата или потрес на мозокот. Розовата карта ќе им се придружи на познатите жолти (на претпазливост) и црвените (за исфрлање играч надвор од натпреварот), но нема да функционира на ист начин. Додека црвените и жолтите картони ги користат судиите, розовиот картон ќе го користат самите тимови. Картонот ќе се користи и на Светското првенство во 2026 година во Мексико, САД и Канада.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |