September 24, 2025 | | Свет
Доколку Македонија не успее да го избори историскиот пласман на Мундијалот во 2026 година, нова огромна шанса би можела да се отвори веќе за турнирот во 2030 година – и тоа благодарение на можноста за ново проширување на бројот на учесници. Аргентинскиот „Оле“ пишува дека ФИФА е наклонета кон предлогот на КОНМЕБОЛ, Светското првенство во 2030 година да брои 64 селекции наместо 48. Со тоа, речиси третина од државите во светот би добиле место на најголемиот фудбалски собир кој ќе се игра во Шпанија, Португалија, Мароко, Аргентина, Парагвај и Уругвај. Планот предвидува 16 групи со по четири репрезентации, а по две најдобри од секоја група ќе одат понатаму. Интересно е што три групи целосно ќе се играат во Јужна Америка, додека останатите ќе бидат сместени во Европа и Африка. За потсетување, ФИФА веќе го зголеми бројот на учесници за следното Светско првенство во 2026 година – од 32 на 48. Македонија пак има реална можност уште тогаш да дебитира, бидејќи обезбеди место во баражот, а останува во игра и за првото место во квалификациската група пред трите завршни натпревари во октомври и ноември.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |